Твитер, под водство на новиот извршен директор Илон Маск, го распушти Советот за доверба и безбедност.
Членовите на тоа тело беа информирани преку е-пошта дека Советот повеќе не е „најдобрата структура“ за да донесе „надворешни увиди во развојот на производите и политиките“, објави Вашингтон пост.
Е-поштата пристигнала непосредно пред видео состанокот на членовите на советот со претставниците на Твитер за да разговараат за неодамнешните случувања, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на извори блиски до компанијата.
„Ние сме благодарни за вашиот ангажман, совет и соработка во изминатите неколку години и ви посакуваме многу успех во иднина“, стои во е-поштата.
Твитер формираше советодавна група во 2016 година за да ја направи платформата побезбедна и да одговори на говорот на омраза, експлоатација на деца, самоубиства, самоповредување и други прашања.
Се состоеше од околу 100 членови на независни граѓански, организации за човекови права и други организации.
Сопственоста на Маск на Твитер е обележана со хаос во компанијата, бидејќи тој се обидува да ја направи профитабилна преку масовни отпуштања и воведување политики кои наидоа на широко внатрешно противење.