Хорор во Иран: Фудбалер осуден на смрт поради борба за правата на жените

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од смртта на Махса Амини, која беше брутално претепана затоа што не носела облека според правилата пропишани од тамошната морална полиција, во Иран започнаа протести и борба за правата на жените.

Организацијата за правата на фудбалерите ФИФПРО ја објави шокантната вест дека Амир Наср-Аздани, кој се бореше за правата на жените, е осуден на смрт.

„Шокирани сме и згрозени од извештајот дека професионалниот фудбалер Амир Наср-Азадани се соочува со егзекуција во Иран, откако водеше кампања за правата на жените и основните слободи во неговата земја. Се солидаризираме со Амир и повикуваме на итно укинување на казната“.

Иранската фудбалска репрезентација за време на Светското првенство покажа знак на протест и одби да ја пее националната химна на првиот натпревар во Катар против Англија. Подоцна, истите тие фудбалери беа принудени од нивната земја да ја пеат националната химна, за да се избегнат можните последици.

Share This Article