„Avatar: The Way of Water“, „Top Gun: Maverick“, „Elvis“, „The Fabelmans“ и „Tar“ се филмовите номинирани за овогодишниот Златен глобус во категоријата за најдобар филм-драма, а режисерските великани Стивен Спилберг, Баз Лурман и Џејмс Камерон добија номинации за најдобар режисер.
Во категоријата најдобра комедија или мјузикл се кандидирани „Babylon“, „The Banshees of Inisherin“, „Everything Everywhere All at Once“, „Glass Onion: A Knives Out Mystery“ и „Triangle of Sadness“.
Ѕвездата на „The Fabelmans“, Мишел Вилијамс, ги предводи номинираните актерки во драма, а меѓу останатите се Кејт Бланшет („Tar“), Вајола Дејвис („The Woman King“), Ана Де Армас („Blonde“) и Оливија Колман („Empire of Light“).
За најдобери актери во драмски филм се номинирани Остин Батлер (Elvis), Брендан Фрејзер („The Whale“), Хју Џекмен („The Son“), Бил Наји („Living“) и Џереми Поуп („The Inspection“).
Златните глобуси се познати како блескава церемонија, а со нив започнува сезоната на доделување награди во Холивуд и служи како своевиден сигнал за номинираните и победниците во трката за најпрестижната холивудска награда – Оскар.
Но, поради контроверзиите кои ги одбележаа наградите во 2021 година, церемонијата остана без ТВ-пренос, а победниците беа објавени преку социјалните мрежи и на веб-страницата на Златните глобуси.