Скопјани ги примија првите сметки по преминувањето на парното од БЕГ на ЕСМ снабдување со топлина и веднаш почнаа да се жалат

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Скопјани ги примија првите сметки по преминувањето на парното од БЕГ на ЕСМ снабдување со топлина и веднаш почнаа да се жалат. Во многу сметки има грешки. Засегнатите се сомневаат дека такви грешки ќе има и во наредниот период, а тие нема како да дознаат за тоа.

Дел од граѓаните реагираат и затоа што не се внесени корекциите во договорите потпишани со новиот снабдувач со топлина, но и поради доцнењето на сметките.

Од ЕСМ снабдување со топлинска енергија повикуваат на трпение, бидејќи процесот на преземање на податоците, потпишувањето на договорите и на изработката на фактурите оди истовремено и можни се грешки. Но, велат од таму, граѓаните нема да бидат оштетени. Сега се работи и на подготовка на сметките за топлинска енергија за ноември, а нивната дистрибуција до потрошувачите ќе почне на 15 декември.

– Октомвриската сметка, наместо во ноември, ми стаса на 1 декември. Ја платив и по една недела добив нова сметка. Мислев дека е ноемвриската, ама тоа било корекција на октомвриската сметка. Реагирав во компанијата и ми рекоа дека ќе има корекција веќе во следната сметка. Како правеле пресметка јас не знам и не знам дали само кај мене дојде корекција. Сега се прашувам како ќе проверам дали корекцијата ќе ја има во ноемвриската сметка – вели жителка од Карпош.

ОД ЕСМ Снабдување со топлина признаваат дека е направена грешка кај некои фактури за потрошена топлинска енергија

– Кај занемарлив број фактури е увидена техничка грешка, која настанала при изготвување на фактурата за октомври 2022 година. Таа беше сторнирана и подготвена е и доставена нова фактура, согласно со извршената корекција. Доколку потрошувачите ја имаат платено претходно доставената а сега сторнирана фактура, ги молиме да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број (02) 3076-200, за да ги регулираат нивните уплати или на нашиот контакт и-мејл contact@esm-snabduvanje.mk – појаснуваат од компанијата.

За граѓаните, како што се пожалија во Плусинфо, проблем се и новите договори за снабдување со топлинска енергија, бидејќи, како што велат, иако направиле измени, сметките за октомври ги добиле по старо.

– Во новиот договор за користење топлинска енергија преку ЕСМ внесов нови податоци, со барање во иднина поранешната сметка од двата стана која доаѓаше на мое име да се раздвои на две сметки со различна адреса и на две имиња, на мое и на син ми кој живее во еден од становите. Но, сметката повторно дојде по старо, на иста адреса и на мое име – вели жител на Центар.

Од компанијата снабдувач со топлина појаснуваат дека е во тек ажурирање на податоците на корисниците според новите договори и веќе во наредната сметка корекциите направени во договорите ќе бидат направени.

- Advertisement -
Ad image

– ЕСМ Снабдување со топлина ги изработи фактурите за топлинска енергија за месец октомври, нивната достава е завршена, а во тек е нивната наплата. Изработката на фактурите вклучуваше и постапка за преземање на податоците на потрошувачите од страна на ЕСМ Снабдување со топлина од претходниот снабдувач со топлинска енергија Снабдување со топлина Балкан Енерџи. Оние потрошувачи кои веќе склучиле договор со ЕСМ Снабдување со топлина и извршиле промена на нивните податоци, во тек е ажурирање на податоците согласно договорите. Доколку корекциите на податоците во договорите биле извршени по рокот по кој се затворени сметките за октомври, во тој случај изменета ќе биде земена предвид во сметката за ноември. Секако, секој потрошувач може да се обрати на телефонските броеви и на и-мејлот за грижа за корисници и да го пријави својот индивидуален случај заради целосно расчистување во интерес и на двете страни – велат од компанијата.

Оттаму додаваат и дека жителите на градот кои со топлина се снабдуваат преку топланата „Север“ нема да потпишуваат нови договори со ЕСМ.

– „Скопје Север“ го потпиша Договорот за деловно-техничка соработка со ЕСМ, за што ЕСМ на почетокот на грејната сезона доби задолжение со одлука од Владата, а по барањето искажано од „Скопје Север“ за финансиска поддршка за набавка на гас. Договорот е потпишан и од „Скопје Север“ и од сопственикот „Топлификација“ во стечај, и дадени се гаранции за средствата кои ќе бидат вложени од страна на ЕСМ во текот на оваа грејна сезона. Исто така, ЕСМ преку свој прокурист и врзан потпис ќе го контролира работењето и исплатите од акционерското друштво корисник на средствата. Согласно претходно кажаното, потрошувачите на АД „Скопје Север“ не се потрошувачи на компанија во сопственост на АД ЕСМ и нема да потпишуваат договори со компаниите основани од ЕСМ – велат од ЕСМ снабдување со топлинска енергија.

- Advertisement -
Ad image

Иако, зимата годинава започна со повисоки температури, скопјани и оваа година се жалат и на лани радијатори.

– Се смрзнувавме на температура од 18 и 19 степени. Порано беше потопло, но сега кај нас температурата не се помрдна од 19 степени. Велат да штедиме и на топлина, ама мора да вклучиме греалка на струја поради малите деца дома. Нели е апсурд штедиме топлина, наместо струја – вели жител на општина Чаир.

Share This Article