Европската агенција ѝ давала информации на полицијата во Либија која потоа вршела тортура

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Организацијата за одбрана на човековите права, Хјуман Рајтс Воч (ХРВ), денеска го обвини Фронтекс дека заедно со либиските власти учествува во систематско кршење на правата на мигрантите и бегалците. Фронтекс е со години мета на остри критики за своето однесување и злоставување на мигрантите, што доведе до оставка на директорот на оваа ЕУ агенција, Фабрис Леџери, пред неколку месеци.

И покрај обидите за реформа на граничната агенција на ЕУ, ХРВ денеска открива дека насилството продолжува.

Според Хјуман Рајтс Воч, Фронтекс со употребата на воздушно разузнавање ѝ помага на либиската крајбрежна полиција да ги лоцира и сопре бродовите со мигранти и баратели на азил, кои се потоа жртви на насилство и насилно протерувани назад во Либија. Со ова, вели ХРВ, Фронтекс е соучесник во злоупотребата на либиските сили.

Организацијата за човекови права се базира на анализи и сведоштва во својот извештај, кој открива дека употребата на воздушна сила, наместо да се користи за спасување на мигрантските бродови, се користи да им помогне на либиските сили да ги лоцираат мигрантите, иако Фронтекс знае дека либиската полиција врши тортура врз мигрантите. Џудит Сандерленд, директорката во ХРВ за Европа и Централна Азија, порача дека Фронтекс има други опции, но не ги користи.

– Реториката на Фронтекс за спасување животи останува трагично празна сѐ додека граничната агенција не ја користи технологијата и информацијата за да обезбеди брзо спасување на луѓето, и симнување на безбедни пристаништа – изјави таа.

Од Хјуман Рајтс Воч предупредуваат дека Фронтекс останува нетранспарентна агенција и не одговара на барањата за пристап до информации. Од илјадници барања објавени се само 86. Фронтекс исто така одби пристап до мигрантскиот центар во Варшава. 

Share This Article