More

    Актерот Jоан Грифид е во сериозни финансиски проблеми, откако влезе во бракоразводна постапка со неговата поранешна сопруга Алис Еванс

    spot_img

    Актерот Jоан Грифид е во сериозни финансиски проблеми, откако влезе во бракоразводна постапка со неговата поранешна сопруга Алис Еванс.

    Велшанецот, познат по улогите во „Титаник“, „Фантастичната четворка“, „Санктум“ и други холивудски блокбастери, тврди дека едвај врзува крај со крај и сега го моли судот да му дозволи да ја продаде куќата за да има нешто за живеење.

    Актерот тврди дека неговата поранешна сопруга живее во нивната куќа бесплатно, откако се разделиле во јануари 2021 година и дека за тоа време тој е единствениот кој ги плаќа трошоците за куќата, кои изнесува вкупно 15.271 долар, плус трошоците за струја од 4.616 долари и 11.793 долари за неплатени даноци.

    Велшанецот имаше многу лоша работна година и имаше само еден актерски ангажман. Тврди дека е толку сиромашен што мора да го издржува новата девојка Бјанка Валас, поради која ја остави поранешната сопруга.

    „Живеам во изнајмен стан со девојка и плаќам 3.400 долари месечно. Мојата девојка ни плаќа најголем дел од животните трошоци, како и целата кирија, бидејќи сум во незавидна финансиска ситуација“, открил актерот и потоа додал:

    „Ѝ објаснив на Алис каква е мојата ситуација и ја замолив неколку пати откако раскинавме, да помогне финансиски и да се согласиме да ја продадеме куќата. Но, таа не се согласи со барањата и со предлозите за спогодба“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img