По врнежите од дожд кои ја зафатија Македонија, водостојот на реките е зголемен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Поголеми зголемувања на водостојот има на водотеците во западниот дел на земјата, односно на Радика, Сатеска, Голема и Пена, кои и денеска се очекува да бидат високи, особено на Радика заедно со нејзините притоки во сливот.
УХМР предупреди на внимателно движење покрај реките и суводолиците во крајните западни и во делови од источните делови, каде се најавени локални поројни врнежи.