More

    Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

    spot_img

    Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

    Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 20 степени.

    Според прогнозата На УХМР, утре (понеделник), под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер.

    Кон крајот на денот утре и во текот на ноќта ќе почне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег.

    „Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневните температури“, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

    Денеска е недела, 26 март 2023 година, 85-иот ден во годината. До крајот на годината остануваа 280 дена.

    Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 26 минути, а ќе зајде во 17 часот и 53 минути.

    Денов трае 12 часа и 26 минути.

    Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 8 часот и 52 минути и нема да зајде ова деноноќие.  

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img