More

    Ковачевски го брани новиот буџет

    spot_img

    Буџетот за 2023 година е мој прв буџет како премиер и лично ќе се залагам да покаже резултати, да ја обезбеди потребната основа за премин кон забрзан економски раст и развој на државата, изхави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

    Ковачевски вели дека Предлог-буџетот не само што е реален, туку е и рационален и скроен да одговори на предизвиците поврзани со енергетската криза. Тој верува дека ќе има успешна реализација на капиталните расходи, а ваквиот став го темели на фактот што во последните две години реализацијата е околу 80 проценти, а годинава над 60 проценти.

    – Буџетот за 2023 година е креиран согласно златното правило во јавните финансии, што значи дека расходите за капитални инвестиции се на повисоко ниво од дефицитот. Тоа ја покажува развојната компонента на буџетот и нашата определба за забрзување на економскиот раст на среден рок. Во 2023 продолжуваме со инфраструктурни проекти кои ќе нѐ поврзат и внатре во земјата, и со регионот но и со Европа и ќе обезбедат побрз економски раст и развој генерално, но и подобри услови за развој на компаниите и бизнисот. Продолжуваме со изградба на Железничкиот Коридор 8, изградба на клучни автопатски делници, рехабилитација на локалните улици, изградба на социјални станови, продолжуваме со проектот за гасификација на државата. Комплетно е завршен гасоводот од влезот на интерконекторот од Бугарија до Битола. Продолжуваме со капитални инвестиции во земјоделството со кои обезбедуваме пред сѐ зголемено домашно производство на храна, поддршка за земјоделците како и поддршка за модернизација на земјоделството. Буџетот предвидува продолжување на имплементацијата на интензивниот инвестициски циклус во енергетскиот сектор кој треба да обезбеди зголемување на вкупниот енергетски потенцијал. Особено внимание се посветува на транзицијата кон обновливи извори на енергија како и на енергетската безбедност и енергетската ефикасност на земјата – објаснува Ковачевски.

    Во буџетот, којшто треба да се донесе до крајот на овој месец, се предвидени има огромни заштеди од кратењето на непродуктивните трошења, вели премиерот.

    – Овде влегуваат околу 80 милиони денари за патните трошоци. Ставката за поправка и одржување е намалена за 48 милиони денари, набавката на нови возила е намалена за над 33 милиони денари, како и за останати расходи и репрезентации, која исто така е намалена за над 62 милиони денари – нагласува тој.

    Планирани се повеќе средства за повисоки пензии, за поттикнување на приносите и производството во земјоделството, за усогласување на платите со минималната, но и за развој на економијата преку инвестиции во инфраструктурата и поддршка на приватниот сектор. Обезбедени се средства и за сите надоместоци за ранливите категории граѓани, невработените, стечајците, гарантираната минимална помош, помош и нега на друго лице, поддршка на лицата со попреченост, за социјалните надоместоци и надоместоците за невработени, како и за активни мерки за вработување на млади лица, лица со попреченост. Предвидени се и зголемувањата на платите во образованието.

    Што се однесува до новата даночна реформа, Ковачевски објаснува:

    – Не се предвидуваат нови даноци, не се предвидува зголемување на даноците, односно данокот на личен доход останува со една стапка од 10 проценти и се укинува прогресивното оданочување кое требаше да стапи на сила на  јануари 2023 година, данокот на добивка останува 10 проценти и не се зголемува, данокот на додадена вредност останува 18 проценти и не се зголемува, каматите на депозитите и штедните влогови, нема да се оданочуваат. Оваа нова даночна реформа преставува ревидирање на даночните ослободувања, проширување на даночната основа и крајно сузбивање на неформалната економија. Во однос на прогресивното оданочување, ќе посочам дека оваа одлука е донесена врз основа бројни анализи и консултации со сите чинители, кои покажаа дека прогресивниот данок не ги дава бараните резултати како модел. Укинувањето на прогресивниот данок е за 2023 година, и тоа не значи дека се откажуваме од овој модел во целост, но дека консултациите ќе продолжат и во иднина. Со самиот факт дека праведноста е еден од основните принципи на новиот даночен систем, ние во наредниот период ќе разгледуваме опции за нов модел кој ќе биде во насока да се опфатат сите приходи во едно домаќинство, односно да се земаат во предвид вкупните примања на семејството, а не само платата на еден член.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img