Во сабота во Осло и Стокхолм ќе се доделат Нобеловите награди, а во Осло најпрестижната, онаа за мир, на белорускиот активист Алес Бјалјак, организацијата за човекови права Меморијал од Русија и Центарот за граѓански слободи од Украина.
Останатите награди, чии победници беа објавени во октомври, ќе бидат доделени во Стокхолм.
Шефот на Украинскиот центар за граѓански слободи, Олександра Матвијчук, повика во петокот на рускиот претседател Владимир Путин да му се суди пред меѓународниот трибунал за војната во Украина. Оваа адвокатка за човекови права им изјави на новинарите во Осло дека е убедена дека порано или подоцна Путин ќе биде изведен пред лицето на правдата, пренесе француската новинска агенција АФП.
Оваа година, наградата за медицина оди во рацете на шведскиот генетичар Сванте Пајаб. Нобеловци за физика се Ален Аспект, Џон Ф. Клаузер и Антон Цајлингер, а наградата за хемија ќе им биде доделена на Каролин Р. Бертоза, Мортен Мелдал и Карл Бери Шар