More

    Азески бара владите да ги завршат задачите

    spot_img

    Претседателот на Стопанската комора и копретседавач на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески, на 10. панел во рамките на 29. „Копаоник бизнис-форум“ на тема „Регионалната соработка како предуслов за одржлив раст“ рече дека за забрзување на процесот, мора да се одговори на неколку прашања што го оптоваруваат.

    Според него, регионалното економско обединување сè уште има многу неодговорени прашања и дилеми на кои земјите од Западен Балкан треба да работат.
    Колку заостануваме зад другите? Пред пандемијата во 2019 година, според „Еуростат“, вкупниот БДП на 6 земји од Западен Балкан бил 101 милијарда евра и сме имале 18 милиони жители на овој простор. За споредба, Чешка во истиот период сама имала 225 милијарди евра БДП со над 10,7 милиони жители, Португалија 214 милијарди евра БДП на 10,3 милиони жители, а Романија 223 милијарди евра БДП на 19,2 милиони жители.
    Што подразбираме поточно под регионална соработка: можност секоја земја поединечно да се развие или развој на регионот со јасно дефинирани правила на игра?
    Дали различните статуси што ги имаат државите на Западен Балкан можат да го попречуваат процесот (како што е СТО, НАТО, ЕУ итн.)?
    Каква е улогата на државите во поглед на заедничката инфраструктура, заедничкото железничко поврзување, заедничкото снабдување со гас итн.?
    Која е крајната цел на процесот: дали е тоа создавање некаква царинска унија?
    Дали за странските директни инвестиции ќе изградиме заедничка политика?
    Дали некој ни пречи на тој пат како бизнис? Да речеме дека ни пречат државите, го кочат тој процес; ние самите го кочиме како компании, но и надворешните фактори го кочат процесот.
    – Ако на овие отворени прашања, за кои сè уште постои потреба од дебати и од разговори, усогласување ставови и политики меѓу државите, им се додадат и економските случувања во светот (пандемијата, која произведе економска и финансиска криза, енергетската криза, како и последните случувања во Украина, за чиј исход засега никој не го знае одговорот), влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот. Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, бидејќи ваквите неизвесности се смрт за инвестициските активности и за нивниот развој – рече Азески.

    Четири дена на балканскиот Давос, организиран од Алијансата на економисти на Србија, под директно водство на претседателот на српското здружение на економисти, Александар Влаховиќ, под слоганот „Србија 2030: агенда за одржлив развој“, се реализираат вкупно 33 панели со 200 панелисти и со 8 пленарни говори, на кои ќе се дебатира за тековни и за стратешки теми од значење за економскиот развој на Западен Балкан и за поствизијата на новата нормалност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img