Скопјани и Скопје, македонскиот политички, економски и здравствен центар, не смеат да бидат жртва на лукративност, криминогеност и тајни средби на коалицијата Тачела, Ковачевски и Данела Арсовска. Бараме неотповиклива оставка на Данела Арсовска од градоначалничката функција во Град Скопје, а владата да ја напушти коалицијата Тачела, да ги одземе ингеренциите за јавниот градски превоз во Скопје и подмирување на долгот кон приватните превозници, истакнува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Смачена им е на скопјани. Данела Арсовска покажа целосна неспособност да управува со Скопје, покажа целосен недостаток на слух за проблемите, и со својата лукративност предизвика хаос во Скопје. Градоначалник на Скопје не смее да бега од скопјани и медиуми, не смее да не се обиде да ги надмине проблемите, и уште повеќе не смее да биде главна причина за хаос во градот! – вели Стоилковски.
Тој наведе дека Ниедна провизија и тајна коалиција не чини повеќе од девастацијата на животот во Скопје.
– Тајните средби со Ковачевски и креирањето на монструозноста Тачела, предизвика колапс во Скопје. Ниедна провизија и тајна коалиција не чини повеќе од девастацијата на животот во Скопје! Владата мора да ја напушти монструозната креација, коалицијата на Ковачевски и Арсовска за бугарските бизнис и политички интереси. Ничии интереси и провизии не смеат да остават цели семејства на возачите на автобуси без леб на маса, Скопје без нормален сообраќај, а жителите со ограничено движење! Нема одговор за набавката на бугарските автобуси кои според нашите сознанија го турка коалицијата Тачела. Со одземањето на ингеренциите, бараме да се провери и можната улога на Драги Митковски во управувањето со ЈСП, како и ревизија на договорот за набавка на гориво за ЈСП со невообичаени високи цени, склучен со фирма на пратеник од владејачкото мнозинство – порача Стоилковски.