More

    Меркел си ги признава грешките од минатото

    spot_img

    Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, признава дека имало неуспеси во нејзината политика кон Русија. 

    – Требаше побрзо да реагираме на агресивноста на Русија – вели Меркел во интервјуто за најновото издание на седмичникот „Ди Цајт” што ќе излезе утре.

    Коментарите на Меркел се однесуваат на руската окупација на украинскиот полуостров Крим во 2014 година, кога земјите на НАТО се согласија да потрошат два oтсто од својот бруто домашен производ за одбрана.

    – Германија ги зголеми своите трошоци наменети за НАТО, но сѐ уште не ја достигна целта од 2 отсто – рече Меркел.

    Таа, сепак, не жали за нејзината поддршка за изградбата на германско-рускиот гасовод „Северен поток 2″.

    – Забрана на проектот опасно ќе ги влошеше односите со Русија – вели Меркел.

    Освен тоа, според неа, зависноста на Германија од рускиот гас не е само резултат на проектот за заеднички гасовод. Таа произлегува и оттаму што гасот обезбеден од Норвешка,Велика Британија и Холандија не ги задоволува германските потреби, jaви ДПА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img