More

    Авион „МиГ“ на хрватската војска се урнал кај Дарувар додека изведувал вежба

    spot_img

    Авион „МиГ“ на хрватската војска се  урнал кај Дарувар додека изведувал вежба, објавија хрватските медиуми. Информацијата ја потврди и Министерството за одбрана.

    Како што пренесуваат медиумите, двајцата пилоти се катапултирале, а се трага по еден од нив. Авиоот се  урнал некаде во близина на Воќин, помеѓу Дарувар и Слатина, на периферијата на вировитско-подравиинската жупанија.

    Хеликоптер на хрватската армија се упати кон местото на несреќата. Се очекува наскоро во потрагата да се приклучат и полицијата и ХГСС.

    „Авионот МИГ-21 на хрватското воздухопловство се урна на 6 декември 2022 година, пред 14 часот за време на планираната вежба во областа кај Слатина во Вировитско-подравинската жупанија. Преземени се сите мерки и активности за пронаоѓање и спасување на екипажот, соопштуваат од Министерството за одбрана МИГ се урна во ненаселена шумска област во Вировитско-подравинската жупанија“, соопшти Министерството за одбрана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img