More

    Извештај за состојбите во казнено-поправните установи

    spot_img

    Најгорливи проблеми во македонските затвори остануваат пристапот до здравствена заштита, образованието, корупцијата, супстандардните услови за живеење во некои од казнено поправните установи, како и немањето соодветни услови за имплементирање на програмите за ресоцијализација и за слободни активности на осудените лица, се вели во Извештајот на Хелсиншкиот комитет за состојбите и условите во казнено-поправните установи и воспитната установа 2022 година, подготвен во рамките на проектот „Борба против тортура и нехуман третман”, финансиски поддржан од Европската Унија. 

    Извештајот содржи препораки за секоја казнено-поправна установа, како и генерални препораки за надлежните институции во насока на подобрување на состојбите и условите во казнено-поправните и воспитно-поправните установи.

    Во Извештајот се препорачува Министерството за образование итно и неодложно целосно да го организира и финансира образовниот процес во ВПД, измена на член 16 став 3 од Упатството за дисциплинска одговорност за децата кои издржуваат воспитна мерка кој не дозволува детето да вложи жалба на решението за изречена дисциплинска мерка, Министерството за труд и социјална политика да преземе мерки со цел исполнување на обврските на надлежните центри за социјална работа за поддршка на децата кои издржуваат воспитно поправна мерка и нивна постпенална помош, судиите за деца е потребно да спроведуваат редовни посети во воспитно поправниот дом со цел да испитаат каков ефект има заводската мерка врз децата и нивната ресоцијализација.

    Во препораките е посочено дека Министерството за здравство неопходно е да им овозможи на лекарите и медицинската сестра од ВПД пристап и работа во Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој термин, обука на докторите од ВПД за превенција од дроги и превенција на зависност, вклучително јатрогена зависност од прекумерна употреба на седативи и хипнотици, како и за проценка и третман од дроги, вклучително опијати и други коморбидни психички состојби.

    – Неопходно е да се обезбеди програма за третман на малолетни лица со растројства предизвикани од употреба на дроги, вклучително опијатни дроги и протоколи за третман за да се обезбеди хуман третман и отсуство на страдање од апстиненцијлните симптоми – се наведува во Извештајот.

    Во Извештајот е посоченa потребата од долготрајното решавање на проблемот со пренатрупаноста вo казненопоправните установи, како и подобрување на родовата застапеност во рамки на вработениот персонал во казненопоправните установи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img