More

    Нов закон на ЕУ против уништување на шумите: Строги услови за продажба на соја, говедско месо, кафе

    spot_img

    ЕУ договори нов закон кој ќе ги спречи компаниите да продаваат соја, говедско месо, кафе и други стоки поврзани со илегалната сеча низ светот на пазарот на блокот.

    Според овој закон, пред да продаваат стоки во ЕУ, компаниите мора да истакнат декларација на етикетата со која се докажува дека синџирот на снабдување не придонесува за уништување на шумите, или ќе се соочат со високи казни.

    Преговарачите од земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент рано утринава постигнаа договор за ова законско решение кое ќе се однесува на соја, говедско, палмино масло, дрво, кокос и кафе, како и производи како кожа, чоколада и мебел.

    „Се надевам дека оваа иновативна регулатива ќе даде поттик за заштита на шумите ширум светот и дека ќе ги инспирира другите земји кои учествуваат на Конференцијата на ОН за биолошка разновидност (CO15) во Монтреал“, рече главниот преговарач на Европскиот парламент, Кристоф Хансен.

    Нелегалната сеча е главен извор на емисии на стакленички гасови и ќе биде централна тема на конференцијата што почнува утре во Монтреал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img