Денес Општина Ресен беше посетена од Амбасадорот на Европската Унија Господинот Дејвид Гир.
По приемот во кабинетот се оствари средба со советниците и претставниците на Локалната самоуправа и се разговараше за актуелните теми и состојбата во Општината.
Продискутиравме за ситуацијата со Преспанското јаболко при што беа кажани реалните проблеми на граѓаните на Ресен и Преспа за пласманот на нашето јаболко кое е клучот за просперитетот на Преспа, за заштитата на Преспанското Езеро, развојот и промоцијата на туризмот во Преспа, како и за проектот ЕУ за Преспа.
Покрај тоа воедно беа претставени и проектите кои се реализирани со помош на Европската Унија, како што беше проектот зелен транспорт, кој проект е со прекугранична соработка со Р.Грција како и проектот за Патеката на светите води која исто така е завршена и пуштена во употреба.
Во иднина се надеваме на уште поголема соработка и подршка за реализирање на многу други проекти во рамките на програмите на Европската Унија.