Почна гласањето за претседател на Здружението на новинари на Македонија и за членови на управниот и надзорниот одбор, како и за судот на честа.
Гласањето е тајно и се одржува во хотелот „Александар палас“ во Скопје.
На Собранието присуствуваат 456 новинари и медиумски работници од вкупно 815 колку што се зачленети во здружението, а покрај изборот на комисиите за работа на комисијата за гласање, присутните го усвоија извештајот за работата на ЗНМ и финансискиот извештај за 2022 година.
За функцијата претседател се кандидирани тројца новинари, Младен Чадикоски, досегашниот претседател на ЗНМ, новинарката Филијана Кока и новинарот Марјан Николовски, кои ги претставија своите програми пред членовите на ЗНМ.