Со завршното коло во групите Г и Х комплетирани се осумте осминафинални парови на Светското првенство во Катар.
Распоред на одигрување на натпреварите од осминафиналето:
сабота, 3 декември:
16.00 Холандија – САД (Калифа Интернешнл)
20.00 Аргентина – Австралија (Ахмад бин Али)
недела, 4. декември:
16.00 Франција – Полска (Ал Тумама)
20.00 Англија – Сенегал (Ал Бајт)
понеделник, 5. декември:
16.00 Јапонија – Хрватска (Ал Џануб)
20.00 Бразил – Јужна Кореја (974)
вторник, 6. декември:
16.00 Мароко – Шпанија (Едјукејшн Сити)
20.00 Португалија – Швајцарија (Лусаил).
Четвртфиналето е на програмата на 9 и 10 декември, по што следуваат полифиуналните дуели, на 13 и 14 декември.
Натпреварот за третото место ќе се игра 17 декември од 17 часот на стадионот „Калифа Интернешнл“, додека финалето е на 18 декември во Лусаил од 16 часот.