Утрово почина фолк пејачот Виктор Барбутов (42), вокалист на групата „Амајлија“.
Македонската фолк-естрада е во тага и неверување откако се прошири трагичната вест за смртта на пејачот.
– Сабајлево почина фолк пејачот на групата Амајлија од Скопје Виктор Барбутов, како што дознаваме пред тоа немал здраствени проблеми, ноќва се пожалил на главоболки и бил однесен на брза помош каде и починал од мозочен удар, објави порталот Естрада плус.
Да посетиме, Виктор беше член на поранешната група „Фантазија“ каде ја отпеја песната земјо пресвета.
Неговите колеги шокирани, со неверување се простуваат од Барбутов на социјалните мрежи.