„Не се откажувам од политичките амбиции. Во 2024 година ќе се кандидирам за претседател на државата. На луѓето им се смачи од криминалци во политиката и ќе им дадам шанса да изберат чесен човек“.
Вака вели Петар Георгиевски-Камиказа, музичар, „заштитно“ лице на групата „Меморија“ во интервјуто за СлободнаТВ. Перо Камиказа потсетува дека на изборите за градоначалник на Скопје освоил повеќе од 25.000 гласови, а бил само на три билборди, со скоро нула буџет и медиумите го игнорирале.