More

    Пет возила на претседателот изгореа на аеродром во Нантакет

    spot_img

    Пет возила изнајмени од Тајната служба на американскиот претседател Џо Бајден беа оштетени од пожар во Нантакет, Масачусетс во понеделникот. Автомобилите биле користени за време кога Бајден и неговото семејство го прославувале Денот на благодарноста, пишува Њузвик. Пожарот се случил на Меморијалниот аеродром Нантакет во понеделникот наутро и нема повредени, иако инцидентот избил на само 40 метри оддалеченост од резервоарите за авионско гориво на аеродромот.

    Истрагата е во тек, а на Твитер веќе се разгорија теориите на заговор. Дали му е службата лојална на Бајден?

     

     

    Шефот на пожарникарската служба на Нантакет, Мајкл Кренсон, рече дека истрагата открила дека пожарот не е сомнителен. Иако причината сè уште не е формално утврдена, официјалните лица се фокусираа на едно возило – белиот Форд џип, кој планирале да го повлечат од употреба поради тоа што возилото имало неисправна разводна кутија на батериите. Бил планиран негов сервис, но не бил направен.

     

     

    Засега, се смета дека пожарот од Форд-от ги запалил останатите четири возила. Во тоа време Бајден и семејствого веќе го напуштиле Нантакет. Всушност, возилата биле користени за транспорт на персоналот на Тајната служба и другиот персонал, а не за членовите на семејството Бајден, според Ентони Гуглиелми, началник за комуникации на тајната служба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img