More

    Спасовски се фали со силната меѓународна соработка, ама не открива дали се фатени заканувачите

    spot_img

    Прашан за тоа како се справуваме како држава со хибридните закани, особено ако се земе предвид фактот дека многу училишта добија дојави за поставени експлозивни направи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека во тој контекст се и дојавите за поставување експлозивни направи во скопски средни училишта и оти во МВР прашањето се третира со максимална сериозност.

    – Сите дојави од страна на МВР се третираат со максимална сериозност и се преземаат сите активности: откако ќе се спроведе евакуацијата, се обезбедува заштитен периметар и се пристапува кон антитерористичка проверка на објектите и околината, при што се ограничува и пренасочува сообраќајот. Притоа, Северна Македонија не е некој исклучок за ваквите хибридни напади т.н. лажни дојави за бомби. Напротив, на ваков тип напади масивно се изложени и соседните земји – како на пример: Србија, Хрватска и Црна Гора, а и подалечните, како Нов Зеланд, Канада, САД, Германија итн. Без разлика на зачестените закани, Министерството на секоја закана ѝ приоѓа со максимална професионалност и сериозност – рече тој.

    Спасовски потсети на донесувањето на неколкуте значајни стратешки документи, како што се Националната стратегија за компјутерска безбедност, Стратегијата за градење на отпорност и справување со хибридните закани, Стратегијата за компјутерски криминал.

    Тој потенцираше дека клучен фактор е силната меѓународна соработка и брза размена на информации помеѓу земјите и агенциите за спроведување на законот.

    – Во првата половина од 2022 година регистрирано е зголемување на компјутерскиот криминал во нашата земја за значителни 48 отсто во однос на истиот период од 2021 година, додека причинетата материјална штета е десеткратно зголемена во однос на лани. Од вкупниот број на регистрирани дела по преземени мерки и активности расчистени се 76 дела, со што е постигната вкупна ефикасност од 67 отсто која е зголемена за околу десет проценти споредбено со лани – информира тој.

    Во однос на прашањето за тоа во кои канали за меѓународна полициска соработка сме вклучени и за учеството во ЕМПАКТ (Европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани), министерот Спасовски најпрво истакна дека за целиот период од кога тој е на функцијата министер за внатрешни работи, постојано ја нагласува и става акцент на меѓународната соработка.

    – За таа цел, во БЈБ – Секторот за меѓународна полициска соработка е единствена контакт точка за официјална меѓународна размена на информации со сите канали за меѓународна полициска соработка: ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ, СЕЛЕК и странските полициски офицери за врски акредитирани за нашата земја. Со овие агенции имаме исклучителна соработка, која ја потврдивме на заеднички средби изминатиов период, потенцираше тој, додавајќи дека еден од позначајните продукти, при чија изработка со свој придонес учествуваше МВР во текот на сите изминати години, е Извештајот за проценка на закани од сериозен и организиран криминал во ЕУ, кој ги дава базите врз основа на кои Советот на ЕУ ги усогласува приоритетите во областа на сериозниот и организиран криминал – рече министерот.

    Што се однесува до учество на РСМ во EMPACT во 2022 година, Спасовски нагласи дека споредено со минатите години, бележиме примерен напредок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img