Шефот на Пентагон, Лојд Остин изрази „силно противење“ на започнувањето на нова турска офанзива во Сирија.
Остин „повика на деескалација и го изрази силното противење на (американското) Министерство за одбрана на новата турска воена операција во Сирија“, се вели во соопштението на Пентагон.
На 20 ноември Турција изврши серија воздушни напади во североисточна Сирија врз позициите на курдските борци.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела повтори дека има намера да нареди копнена офанзива „кога е вистинското време“.