More

    Лука Бојовиќ еден од водачите на Земунскиот клан пристигна во Белград, го напушти аеродромот како слободен човек

    spot_img

    Лука Бојовиќ, наводниот водач на Земунскиот клан, слетал на аеродромот Никола Тесла нешто по 20 часот. Тој пристигна од Мадрид со редовен лет на Ер Србија. Полицијата со него извршила разговор во службените простории на аеродромот, а тој како слободен излегол од аеродромот околу 22.00 часот.

    На видеото објавено претходно на социјалните мрежи, се гледа како Бојовиќ го придружуваат шпански полицајци и го качуваат во авион.

    Адвокатот Боривоје Боровиќ, кој го чекаше Бојовиќ на аеродромот, изјави дека против Бојовиќ во Србија нема никаква постапка за која знае. Тој претходно го застапуваше Бојовиќ пред српските судови и има блиски односи со семејството Бојовиќ.

    На летот од Мадрид бил и новинар од белградски таблоид кој разговарал со Бојовиќ. Запрашан за неговите планови за во иднина, тој рече дека не може ништо јавно да каже, но дека ќе има можност да го стори тоа.

    Бојовиќ одлежа 10 години од вкупната затворска казна од 18 години како водач на организирана криминална група и како странец шпанските власти го протераа во земјата на потекло – Србија.

    Бојовиќ на летот од Мадрид го придружувале двајца шпански полицајци, како и припадници на српската полиција.

    Медиумите јавуваат дека во моментот на слетувањето на авионот имало засилено полициско присуство на аеродромот. Иако претходно беше најавено дека Бојовиќ ќе биде спроведен во полициска станица на 29 ноември, медиумите јавуваат дека со него било разговарано во службените простории на аеродромот.

    На видеата кои ги објавија медиумите може да се види дека тој ја напушта аеродромската зграда во придружба на адвокат и маж, а потоа трча кон автомобилот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img