More

    Директорката на Фондацијата Отворено Општество во Скопје Фани Каранфилова Пановска ниту ја потврди ниту ја демантираше информацијата дека наскоро ќе се затвори канцеларијата на филантропот Џорџ Сорос во Македонија

    spot_img

    Директорката на Фондацијата Отворено Општество во Скопје Фани Каранфилова Пановска ниту ја потврди ниту ја демантираше информацијата дека наскоро ќе се затвори канцеларијата на филантропот Џорџ Сорос во Македонија. Таа потврди дека во моментов се вршат трансформации на сите национални фондации Отворено општество.

    – Да, во процес на трансформација се сите национални фондации Отворено општество. Дополнително ќе излеземе со официјално соопштение за тоа што точно ќе се случува по трансформацијата – изјави Каранфилова Пановска за Плусинфо.

    Според сознанија на Радио Лидер, централата на Фондацијата одлучила проектите во Македонија да бидат опслужувани преку подружницата во Тирана, како и дека нема да бидат продолжени договорите на менаџментот во Скопје и на директорката Каранфилова Пановска.

    Фондација Отворено општество ‒ Македонија официјално почна да работи во 1992 година.

    „Посветени сме на креирање динамично и толерантно општество во кое граѓаните се свесни и активни, а властите отчетни, општество во кое сите ќе имаат еднакви можности да ги искористат своите потенцијали, да бидат вклучени во донесувањето одлуки, да иницираат промени, општество во кое се почитува различното мислење и се негува и развива критичката мисла“, се наведува на сајтот на Фондацијата.

    Од 1992 до денес Фондацијата вложи повеќе од 100 милиони долари за демократизација на македонското општество и подобрување на животот на граѓаните.

    Џорџ Сорос ја започна својата својата кариера како филантроп во 1979 година со поддршка за стипендии за црните студенти од Универзитетот во Кејптаун во Јужна Африка, но и за дисиденти од Источна Европа да студираат во странство.

    Својата прва фондација вон границите на САД Сорос ја основа во Унгарија во 1984 година.

    Со цел да помогне да се обучи една нова генерација политички и економски лидери, Сорос во 1991 година го формира Централноевропскиот универзитет како центар за истражување и анализа на политики кој ги промовира принципите на отворени, демократски општества.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img