Болката во грлото е нешто со кое се среќаваме во секое време од годината, но најмногу во студените месеци. Тешкото голтање, засипнатост, иритирано и болки во грлото придружени со чувство на печење се најчестите симптоми на воспаление, а оваа непријатност можете да ја ублажите со користење на природни состојки.
Ви пренесуваме рецепт за сируп кој помага при болки во грлото.
Состојки:
– 4 големи лажици мед
– 1 лажичка куркума во прав
– 1 лажичка ситно рендан ѓумбир
– 1 кафена лажичка издробен лук
– половина лажичка цимет во прав
– половина лажичка мелена лута пиперка
– 4 големи лажици сок од лимон
– сок од еден портокал
Подготовка на сирупот:
Медот нежно загрејте го додека не се згусне и во него додадете ги сите останати состојки. Добро измешајте и оставете да отстои еден час. Потоа сирупот процедете го низ цедалка или обична газа и оставете го да отстои во стаклено шише, тегла…
Земете една кафена лажичка сируп два до три пати на ден, пишува Zapozdena.hr.