More

    Протестот на приватните превозници ќе продолжи в петок

    spot_img

    Со оглед на информацијата од МВР дека утре доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да не ги отежнат безбедносните протоколи, да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку до тогаш не се постигне некаков договор со Градот Скопје и ЈСП на улица ќе излезат повторно во петок, изјави вечерва за МИА директорот на „Слобода превоз”, Ленин Јовановски.

    Тој најави оти тогаш ќе се блокира со сите 200 автобуси и Скопје ќе биде блокирано на повеќе сообраќајници сè до конечно решавање на проблемот.

    – Иако правото на протест не беше спорно дури и во вакви околности, сепак покажавме свест и одговорен однос кон она што е државен интерес. Борбата продолжува и таа никогаш не може да е лесна, ама ќе победиме, најмногу од сè заради тоа што правдата е на наша страна и заради тоа што сме единствени – вели Јовановски.

    Денеска, како што додаде, приватните превозници покажале единство и сериозност во намерите да ја истераат правдата на виделина и да го свртат вниманието на целата јавност за проблемот со кој се соочуваат.
    – После седницата на Советот на Град Скопје на која присуствуваме видовме дека и на сите советници им е повеќе од јасно дека неспособноста на градоначалничката и менаџментот на ЈСП се оние кои доведуваат до ваквите состојби – рече Јовановски за МИА.

    Јовановски информираше дека денеска во „Слобода превоз“ и во „Макекспрес“ влезена е УЈП и дека тековно се доставуваат документите и податоците од нивното работење да ги има на увид.

    Прашан околу тврдењата дека се продаваат билети во автобусите на ЈСП, приватниците, и дали приватните превозници продаваат билети или не тој потврдно одговори дека не продаваат и дека тие информации се без аргументи.

    – Ако имаа документ ќе извадеа. Нашите документи се доставени до сите советнички групи во Град Скопје по однос на картичките. Долгот е усогласен и тој е во таа висина заедно со ЈСП и не е спорен, тој постои, истакна Јовановски.

    Исто така додаде дека тие ниту задолжиле такви билети, ниту можат да печатат такви билети бидејќи, како што кажа, се тоа е во еден електронски систем контролиран само од ЈСП.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img