More

    Србија ремизираше со Камерун 3:3

    spot_img

    Српскиот селектор Драган Стојковиќ не го криеше разочарувањето откако неговата репрезентација денеска испушти два гола предност за реми на крајот против Камерун (3-3), но нагласи дека шансите за пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар не се загубени. 

    Точно е дека во ситуација кога имавме целосна контрола на натпреварот и водство од 3-1 направивме две кардинални грешки во одбраната кои на крајот скапо не чинеа. Многу, многу несфатливо и непотребно – рече Стојковиќ на официјалната прес-конференција по натпреварот. 

    Србија по две кола во групата Г има еден бод и шансите за пласман во осминафиналето ќе ги бара на дуелот против Швајцарија. 

    Имаме ние свои шанси, само да видиме што ќе се случи вечерва (на дуелот меѓу Швајцарија и Бразил). Ние, Србите, очигледно го сакаме тој потежок пат за да стигнеме до целта, рече Стојковиќ.

    Во дуел со многу пресврти на Светското првенство во Катар, Србија и Камерун одиграа нерешено 3:3.

    Камерунците поведоа во мечот, „Орлите“ направија пресврт и поведоа со 3:1, но дозволија Камерунците за 3 минути да израмнат на конечните 3:3.

    „Орлите“ останаа во игра за пласман во осминафиналето, но нивната судбина ќе се решава во дуелот против Швајцарија, во последното коло (в петок во 20 часот).

    Во некои моменти од натпреварот српските репрезентативци играа извонредно, но во други правеа почетнички грешки.

    Српските медиуми критички оценуваат дека на површината испливале слабостите во тимот на Драган Стојковиќ Пикси, особено во дефанзивната линија.

    Еве ги најважните моменти од мечот:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img