More

    Расте бројот на Европејци кои едвај врзуваат крај со крај

    spot_img

    Се повеќе Европејци мака мачат да врзат крај со крај поради растот на цените кои ги намалуваат нивните приходи, покажа во понеделникот извештајот на Европската статистичка служба.

    Уделот на граѓани кои имаат потешкотии да ги покријат основните трошоци е зголемен во вториот квартал во однос на претходните три месеци во осум од 10-те земји на ЕУ опфатени со истражувањето, покажуваат податоците на Евростат, а е намален само во Словенија и Финска.

    Податоците до Евростат ги доставија Белгија, Бугарија, Ирска, Франција, Италија, Луксембург, Австрија, Словенија, Словачка и Финска. Според податоците со кои располага Еуростат, најтешко било во вториот квартал во Бугарија, каде дури 39,8 отсто од испитаниците многу тешко или тешко врзувале крај со крај. Словачка, Италија и Франција се исто така вклучени во групата земји со повеќе од 20 отсто од испитаниците кои тешко ги покриваат основните трошоци. Нивниот удел беше најмал во Финска, каде што изнесуваше 11 проценти.

    Истражувањето покажало и дека дури 40,5 отсто од Финците многу лесно или лесно ги покриваат основните трошоци. Следуваат Австрија и Франција, каде нешто помалку од четвртина од испитаниците немале проблеми со финансирањето на основните потреби. Нивниот удел беше најмал во Бугарија, каде што изнесуваше нешто повеќе од три проценти.

    Учеството на жителите во поволна финансиска позиција е помало во девет земји во вториот квартал отколку на почетокот на годината, а во Италија е речиси непроменето. Најмногу е намален во Словенија и Австрија, за 4,4, односно четири процентни поени.

    Мнозинството од испитаниците изјавиле дека нивните приходи се непроменети или дури зголемени во набљудуваниот период, забележува Еуростат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img