Италијанскиот репрезентативец Федерико Бернардески е незадоволен од начинот на кој се добива „билет” за Светските првенства.
– Фактот што не сме во Катар ме боли затоа што заслужуваме да бидеме таму. Четирите победници на континентални турнири треба да одат на Светското првенство автоматски. Јас сум европски шампион и никогаш не сум играл на Светско првенство – ова е апсурдно – изјави играчот на Торонто во интервју за „La Gazzetta dello Sport”.
Италијанците го пропуштаат второто Светско првенство во низа. Во плејофот годинава загубија од македонската репрезентација.