Во текот на вчерашниот ден, автобуси на ЈСП Скопје се кријат и паркираат по објекти на ЈП Водовод и канализација Скопје и истите утринава се уште биле таму со што сериозно се нарушува безбедноста на објектите на ЈП Водовод и канализација Скопје за што в.д директорот Митовски треба да одговара како и да одговараат неговите налогодавачи се вели во објавата од сојузот на синдикати на Македонија.
– Во пречистителната станица Волково на ЈП Водовод и канализација Скопје во доцните вечерни часови биле внесени и паркирани автобуси на ЈСП Скопје и тоа до самите базени и пумпи со што е нарушена безбедноста, а за што синдикатот СУТКОЗ упорно предупредува изминатите денови. Пречистителната станица на ЈП Водовод и канализација Скопје во Волково е објект од витално значење за градот Скопје и со ваквиот преседан Митовски како в.д директор и неговиот налогодавач директно го доведуваат во опасност функционирањето на објектот како поради опасност од излевање и истекување на опасни материи од автобусите, како и опасност од предизвикување на хаварија од поголем обем за чија интервенција на итните служби како против пожарната служба ќе бидат попречени – се вели во соопштението од ССМ.
Од таму уште тврдат и дека биле злоупотребени ресурси на „Водовод и канлаизација“.
– Багер – скип работел и отворал пристап на задната страна од гаражата на ЈСП во Ѓорче Петров со што директно се злоупотребуваат ресурсите и работниците на ЈП Водовод и канализација Скопје со што се прави штета за лични цели на в.д Директорот и на неговиот налогодавач – тврдат од Синдикатот.
Бараат в.д. директорот на претпријатитето да биде разрешен, а ОЈО и МВР да преземат мерки.