Фудбалерите на Иран попуштија под притисокот на властите и ја пееја химната пред мечот против Велс, а тоа многу ги разочара фановите на трибините.
Иранските фудбалери во првото коло на Светското првенство во Катар не ја пееја националната химна пред натпреварот против Англија. Иранските играчи одбија да ја пејат националната химна како гест на поддршка за демонстрантите во нивната татковина.
Сепак, притисокот од иранските власти после тоа беше страшен и фудбалерите попуштија. Пред почетокот на денешниот меч со Велс тие сепак ја пееја националната химна. Навивачите на Иран плачеа на трибините поради тој потег.
Навивачите на Иран на трибините со солзи во очите ја исвиркаа својата национална химна и на тој начин покажаа чин на граѓански отпор кон диктатурата во нивната земја.
Во Иран од 16 септември се одржуваат протести и честопати има судири со полицијата, а причина е смртта на 22- годишната Махса Амини која почина во притвор откако беше приведена поради неносење хиџаб што треба правилно да и ја покрива косата, што според властите во оваа земја таа го прекршила кодексот за облекување во исламската држава. Поради ова, сите 11 ирански фудбалери во првото коло молчеа додека се интонираше нивната химна.