More

    Обновено водоснабдувањето во Киев

    spot_img

    Украина го обнови снабдувањето со вода за Киев по руските ракетни напади низ земјата, а комуналните претпријатија се обидуваат целосно да ја вратат електричната енергија во главниот град, откако тешките ракетни напади врз украинската инфраструктура предизвикаа прекини во снабдувањето со вода.

    Дури 70 отсто од градот остана без струја, објави на Телеграм градоначалникот Виталиј Кличко, наведувајќи дека комуналните служби непрекинато работат на санирање на штетите.

    Снабдувањето со електрична енергија за Киев зависи и од стабилноста на целиот енергетски систем во Украина, рече градоначалникот.

    Украинските власти претходно објавија дека руските сили во средата истрелале околу седумдесет проектили и беспилотни летала кон Украина, а целите биле претежно енергетски објекти, потсетува Ројтерс.

    Седум лица загинаа во руското гранатирање на Херсон во четвртокот, а дваесет лица беа повредени во пожар што зафати бомбардиран облакодер, изјави регионалниот гувернер Јарослав Јанушевиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img