More

    Песната која сите ја знаат е инспирирана од борбата на Меркјури со болеста

    spot_img

    Легендарната песна „Show Must Go On“, од албумот „Innuendo“ на групата „Квин“, настанал во 1991 година. Веројатно не постои човек кој не ја знае песната напишана од самиот Фреди Меркјури, а направена од гитаристот Брајан Меј. Тој создал песна за сите времиња, а бил инспириран од борбата на Меркјури со болеста, храброста и истрајноста во последните денови.

    Фреди Меркјури, еден од најдобрите пејачи на сите времиња, боледуваше од сида, иако тоа во тоа време било тајна. Се зборува дека бил толку болен што едвај стоел на нозе, но пронашол сила да ја отпее песната која влезе во историјата.

    На изненадување на сите членови на групата, кога дошло време за снимање, Фреди дошол во студиото, испил малку вотка, станал и рекол:

    „Ќе ја отпеам, душо!“, и потоа ја испеал целата песна без грешка при првиот обид.

    „Почна и растури, целосно го растури тој вокал“, зборувал подоцна Меј.

    Бидејќи Фреди Меркјури веќе бил премногу слаб за да сними видео, за него не бил направен нов материјал, туку бил направен колаж од видеа на групата направени помеѓу 1981 и 1991 година.

    Песната зборува за животот на сцената воопшто, за тоа дека при изведувањето мора да се остават сите лични проблеми, а текстот е полн со алузии и метафори. На крајот на краиштата, текстот зборува за решителност и желба да се живее:

    – „I have to find the will to carry on with the show“.

    Партнерот на Меркјури во последните шест години од неговиот живот, Џим Хатон, еднаш изјави дека постои реплика што најдобро ги опишува последните денови на Фреди.

    – Според мене, најавтобиографскиот стих е: „My make-up may be flaking but my smile still stays on“. Токму така беше. Колку и да му беше лошо на Фреди, тој никогаш не мрмореше и не бараше сочувство. Таа битка беше негова и ничија друга, а тој секогаш покажуваше храбро лице и покрај се полошата ситуација – изјавил Џим во едно интервју во 1994 година.

     

    За жал, Фреди Меркјури не успеа да ја изведе песната во живо на некое шоу. Почина на 24-ти ноември 1991 година, набргу по објавувањето на албумот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img