Музичарот и актер Вилко Џонсон почина на 75-годишна возраст дома, објавија членовите на неговиот бенд на Фејсбук и Твитер.
„Ова е објава која никогаш не сакавме да ја објавиме, а ја објавуваме со тешко срце: Почина Вилко Џонсон. Ви благодариме што ја почитувавте приватноста на семејството во овој многу тажен момент. Почивај во мир Вилко Џонсон“, напишаа тие.
Музичарот, роден како Џон Питер Вилкинсон, беше познат по неговиот специфичен стил на свирење гитара и одигра важна улога во влијанието на англиското панк движење. Тој стана познат во 1970-тите со бендот „Д-р Филгуд“. Тој исто така беше во бендот „Ian Drury and the Blockheads“ пред да ја формира својата група, „Wilko Johnson Band“. Се испроба и во актерството. Во 2011 година, тој го играше Сер Илин Пејн во серијата „Игра на тронови“. Првично се појави како гостувачка ѕвезда, но подоцна се врати во улогата во втората сезона на популарната серија.
Две години подоцна, му беше дијагностициран терминален рак на панкреасот. Му дадоа 10 месеци живот откако нашол грутка во желудникот. Во 2014 година отишол на второ мислење. Понатамошните тестови покажале дека неговиот рак на панкреасот е редок и помалку агресивен малигнитет.
Во април 2014 година, тој беше подложен на деветчасовна операција за отстранување на панкреасот, слезината, дел од желудникот и дел од тенкото и дебелото црево во болницата во Кембриџ. Во октомври, сепак, тој им кажа на обожавателите на доделувањето на наградите „Кју“ дека повеќе нема рак.
По операцијата продолжил да настапува до својата смрт.