Седум голови во мрежата на Коста Рика

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шпанија ја забележа најубедливата победа во досегашниот тек на Светското првенство во Катар, совладувајќи ја вечерва Костарика со 7-0 (3-0) во рамки на воведното коло во групата Е.

Серијата голови ја отвори Дани Олмо во 11 минута по што Шпанија до полувремето ги реши сите дилеми околу победникот со головите на Марко Асенсио (21) и Феран Торес (31) од пенал.

Торес со својот втор гол на натпреварот го зголеми водството во 54 минута, а 20 минути подоцна во листата на стрелци се запиша Гави.

Шпанија продолжи со исто темпо и во завршните минути уште два пати ја смести топката во костариканската мрежа  преку Карлос Солер (90) и Алваро Мората (90+2).

Претходно во рамки на истата група, Јапонија забележа сензационален триумф над Германија од 2-1, откако на полувремето беше во негатива.

Во второто коло кое е на програмата в недела, Шпанија ќе игра против Германија, додека Костарика против Јапонија.

Share This Article