Протест во Скопје против војната во Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Има закани за цела Европа од нуклеарен напад. Путин ќе оди по секоја цена за освојување на Украина. Тој е монструозен, за да влезе во историјата како голем освојувач, истакна претседателот на Здружението на Украинци во Северна Македонија, Александар Урбанович, на денешниот протестен марш против „војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина“.

Тој нагласи дека на протестот е дојден за поддршка на Украина. Сакам, како што рече, земјата да се ослободи и да има мир.

Марјана Велковска од Здружението на Украинци во Македонија вели дека потребна е помош на сите граѓани кои се во Украина.

– Имам роднини таму, тие се подготвени да останат таму и да се борат за својата држава – изјави Велковска, додавајќи дека им е потребна помош.

Македонци кои го поддржаа протестот посочија дека војната мора да запре, а последиците од неа се чувствуваат секаде па и во земјава.

На плоштадот во Скопје, беа прикажани фотографии од состојбата во Украина на кои се гледаат загинати лица, урнати згради, катастрофална состојба.

Share This Article