Кристијано Роналдо нема да се пресели во Њукасл. Клубот од „Сент Џејмс Парк” не е заинтересиран за трансфер на екс-напаѓачот на Манчестер јунајтед и веќе ја отфрлија оваа можност, пренесува ЕСПН.
Португалскиот агент Жорге Мендеш му се обратил на Њукасл за трансфер, но клубот не може да го ангажира 37-годишниот, Роналдо дури и да сака, поради моменталната висина на платата.
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, сака да го задржи релативниот финансиски паритет во однос на платите на играчите. Дури и кога Роналдо би направил намалување на платата за 30 отсто, тоа сепак би било значително повеќе од најплатените фудбалери на Њукасл.
На адреса на Роналдо веќе пристигнале неколку богати понуди од Азија, Австралија и Америка, но Португалецот уште некое време ќе почека понуда од европски клуб.