Иако ограничувањата околу пандемијата на коронавирусот се укинати во многу земји, научниците од Универзитетот за ветеринарна медицина во Хановер, Германија, веруваат дека кучињата-трагачи би можеле да бидат уште покорисни во спречувањето на ковид-19 во големите компании и заеднички работни простории.
Раководителот на истражувањето, Холгер Фолк за агенцијата ДПА појасни дека овој вид куче претставува „систем за рано предупредување”.
– Обучените кучиња можат да идентификуваат зараза и пред и ПЦР-тестот да биде позитивен. Големите компании како „Континентал” (Continental) и „Фолксваген” (Volkswagen), би можеле да ги користат како релативно евтина „алатка за проверка” за поголема безбедност на своите вработени, изјави Фолк.
За испитаниците беа обезбедени и брисеви за брзи тестови, заради споредба.
Посебно обучените кучиња препознале негативни примероци во 99,9 отсто од пробите и 81,6 насто позитивни примероци.
Овие кучиња можат да препознаат и различни видови рак, маларија и некои бактериски и вирусни болести.
Кучињата за откривање веќе се користат на аеродромите и на јавни настани за помош во откривање на зараза со коронавирус, спречувајќи го така ширењето на болеста. Научниците веруваат дека кучињата ќе може да помогнат во откривањето и на неидентификувани случаи.