Во потрага по засилувања во блиска иднина, Јувентус се почесто гледа во правец на Рен, односно Ловра Мајер…
Така барем пишува Gazzetta dello Sport, споредувајќи го Мајер со Лука Модриќ и посочувајќи дека Мајер, како и Модриќ, се прославил во Динамо Загреб.
Сепак, Газета наведува и дека Рен наводно би бил подготвен да го пушти Мајер за 50 милиони евра, а за младиот плејмејкер се заинтересирани и Аталанта, Лацио и Фиорентина.
Во секој случај, Јувентус внимателно ќе го следи натамошниот развој на ситуацијата. Мајер сигурно не би останал рамнодушен на евентуален повик на „Старата дама“, па можеби тоа би можело малку да го „загрее“ Рен и да му го намали барањето за обештетување.
Многу од тоа, секако, ќе зависи и од Светското првенство во Катар, каде Мајер теоретски може малку повеќе да ја зголеми сопствената вредност на пазарот. Како и да е, Рен наскоро би можел да стане претесен за Мајер.