Необични ситуации не се непознати за српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а оваа сабота пред публиката и жирито се претстави трансродова личност која ја воодушеви публиката со својот глас и специфичен изглед.
Родена е како Алино Јухарт и потекнува од Марибор, Словенија. На публиката ѝ се претстави како Алина со песните „Паметна и луда“ од Марија Шерифовиќ и „Те лажам“ која ја изведува бендот „Амадеус“.
Алина била елегантна во црн, тесен фустан до колена и класични, исто така црни, салонки чевли. За време на првата песна доби глас од Александар Милиќ Мили, а потоа и од останатите членови на жирито, освен Драган Стојковиќ Босанац, кој подоцна објасни зошто не гласал.
Иако сите гледаа збунето во натпреварувачот, бидејќи на хартијата беше испишано неговото машко име, додека на сцената видоа жена, поддршка не недостигаше.
„За мене е голема чест што сум овде. Јас сум од Словенија, од февруари живеам во Белград. Дојдов затоа што мислам дека Србија и целиот регион треба само да запознаат жена како мене. Јас сум само нормална личност која сака да сака и да биде сакана и да биде среќна како и сите други. Сакам да ја инспирирам секоја личност да го живее својот живот и нивната животна вистина“, рекла таа.
Алина за „Гранд онлајн“ зборувала и за предизвиците со кои се соочила како трансродова личност.
„Понекогаш дури и заборавам дека сум нешто поинакво. Едноставно, толку ја живеам својата женственост што понекогаш заборавам”, признала таа.
ФОТО: Јутјуб