Израелскиот премиер Нафтали Бенет тајно отпатува за Москва за да се сретне денеска со рускиот претседател Владимир Путин, јави Аксиос.
Ова е многу невообичаен потег на Бенет, кој во последните денови комуницираше и со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да се обиде да промовира прекин на огнот, констатира медиумот.
Аксиос посочува дека во Израел имало налог да се држи средбата во тајност, но портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков соопштил за неговиот престој во Москва.
Според дописничката на Си-Ен-Ен од Ерусалим, канцеларијата на израелскиот премиер соопштила дека средбата се одржува во координација и благослов од САД.
Средбата на израелскиот премиер Нафтали Бенет со рускиот претседател Владимир Путин во Москва траела три часа.