Еден од основачите на култните британски рок групи The Clash и Public Image Ltd, Кит Левен, почина во петокот на 65-годишна возраст.
„Почивај во мир Кит Левен“, напиша на Твитер поранешниот член на Public Image Ltd, Џа Вобл.
Левен починал во својот дом во англиската грофовија Норфлок од рак на црниот дроб.
Тој остави трајно влијание врз британската рок-музика. Гитаристот заедно со Мик Џонсон ги основаа The Clash на 18-годишна возраст, но голем успех постигна со Public Image Ltd, која ја формираше по распадот на панк-рок бендот Sex Pistols.
Нивниот прв албум под наслов „Public Image: First Issue“ се искачи до 22-то место на топ-листите во 1978 година. Му претходеше класичниот сингл „Public Image“ кој се проби меѓу Топ 10. Нивниот втор албум „Metal Box“ од 1979 година се смета за пост-панк класика.