Арачиновецот Шенки Верчасе е опседнат со италијанскиот бренд

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Се слика како Сулејман Величествениот, а во неговата куќа сѐ е „Версаче“, дури и тој самиот! Пред неколку години купи луксузна вила во Белград за 4 милиони евра, а важи за еден од најбогатите Албанци на Балканот.

Сигурно сте слушнале за Шенки Маслани – „Версаче“, кој е роден во Арачиново или барем сте виделе една негова фотографија на која го покажува својот богат и горд начин на живот. За да го запознаат помладите генерации, Шенки се погрижил да отвори профил на ТикТок. И се чини, барем според објавите, тој продолжил да го води својот животен стил.

Имено, тој се слика како Сулејман Величествениот, во куќата има се од програмата на „Версаче“, вклучително и гардеробата, а околу вратот носи златни синџири, од кои некои, судејќи по сликите, тежат околу еден килограм, ако нѐ и повеќе. Поради сето горенаведено, тој важи за еден од најбогатите Албанци на Балканот.

 

 

Го запознаа и белграѓани, кога пред извесно време купи луксузна вила за која искешира околу 4 милиони евра.

 

 

- Advertisement -
Ad image

Поточно, кога се работи за луксузни автомобили, куќи, станови, скапи ентериери, тој не штеди ни денар.

Секој автомобил е персонализиран за него, а на него има препознатливи шари на „Версаче“. Тој троши големи суми на долна облека, а еден пар гаќи наводно го чини 188 евра.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Пред неколку години зборуваше и за Србите и Србија.

– Ништо, Србија е убава, нејзината природа те остава без здив, па ќе имам каде да се одморам. Секако, поважни ми се убавите девојки и ноќниот живот на Белград. Затоа решив да најдам куќа во која ќе можам да ги организирам најдрските забави кои Србите некогаш ги виделе – објасни Шенки.

 

 

– Мојот накит, козметика, постелнина, теписи, завеси, садови… Нема апсолутно ништо што не е брендирано. Затоа кафулето што планирам да го отворам ќе биде украсено во стилот на препознатливото лого на „Версаче“ – изјави Шенки Маслани, познат како Версаче пред шест-седум години.

На крајот тој сон се оствари, кога Шенки во Скопје го отвори своето кафуле кое го носи името на познатиот италијански бренд. Исто така, судејќи по видеата на неговиот профил, тој стана татко на три деца, на кои без резерва им дозволува да уживаат во раскошот што го поседува.

 

Share This Article