Актерката Ким Катрал (66) која се прослави со улогата на Саманта во серијата „Сексот и градот“, се појави со своето момче на доделувањето на наградите „Гламур“.
Партнерот на Ким Катрал ја поддржа ѕвездата додека ја примаше наградата „Screen Icon“ на доделувањето на „Гламур“ нарадите за жени во 2022 година.
Таа ја разубави вечерта во црн мини фустан без прерамки кој имаше шест реда блескави украси околу нејзиното деколте. Русата коса ѝ била пуштена надолу, а имала и прекрасни висечки обетки.
Поранешната ѕвезда на „Сексот и градот“ го донесе своето момче Расел Томас со кое е речиси седум години. Тој носел темно сив костум, кој го искомбинирал со црна вратоврска и црвено џебно марамче.
Двојката се запознала во 2016 година кога Расел бил вработен во „Би-би-си“ и оттогаш се неразделни.
– Си се допаѓавме еден на друг, останавме в контакт, а потоа тој дојде кај мене во Ванкувер – откри Ким за „Пипл“ во септември 2020 година.
„Беше многу храбро од него затоа што не се познававме, освен од тоа што неколкупати имавме излезено заедно.“
За време на нејзиниот говор за прием на наградата за Икона на екранот, Ким рекола колку е горда на себе што можела да облече фустан и покрај тоа што е во седмата деценија.
– Јас сум актерка, работам на филм, телевизија и театар повеќе од 50 години. Сум играла сенаторки, кралици, претседателки, мајки од трејлер приколки и вампири. Почнав млада, сега сум постара актерка на сетот. Но, сè уште можам да го носам овој фустан – изјави таа за „Гламур“.
По настанот, Ким сподели фотографии на Инстаграм.
„Каква инспиративна вечер! Ти благодарам „Гламур“ што ме вклучи меѓу толку успешни, убави и талентирани жени“, напиша таа во насловот.
ФОТО: Инстаграм