На гласањето одржано во Америка се појави и Меланија Трамп и веднаш привлече внимание. Таа излезе да гласа на Флорида со сопругот Доналд, поранешен претседател на САД.
Во таа прилика таа воодушеви со својот стајлинг.
Елегантна и одмерена како и секогаш, Меланија едноставно блесна во комбинацијата на Александар Меквин.
Меланија облекла едноставна црна блуза без ракави и ефектно сиво здолниште до колена со странични набори.
Целиот свој стајлинг го искомбинирала со црна чанта и темни очила за сонце.
И Меланија секогаш привлекува внимание и со чевлите.
Обожава чевли на Кристијан Лабутин, но често носи и модели од Роџер Вивиер и „Диор“.
Инаку, Меланија неодамна најави дека ќе се приклучи на фондацијата за заштита на правата на жените покрај првата дама Џил Бајден, како и Мишел Обама, Хилари Клинтон и други.