More

    Надал игра во Купот на Јунајтед

    spot_img

    Рафаел Надал ќе ја предводи шпанската репрезентација во премиерното издание на Купот на Јунајтед, натпреварувањето кое го замени АТП купот.

    Ќе учествуваат мешани екипи од 18 земји составени од четворица тенисери и четири тенисери. Сè започнува на 29 декември оваа година и ќе се игра во текот на 11 дена во Бризбејн, Перт и Сиднеј. Ова ќе биде еден од последните тестови пред Австралија опен, првиот Грен слем во сезоната. Наградниот фонд е 15 милиони долари.

    „Воодушевени сме што Надал ќе учествува. Верувам дека овој формат ќе заживее и дека ќе имаме многу интересни натпревари“, изјави директорот на турнирот Стивен Фароу.

    Прва ѕвезда на женскиот тим ќе биде Пола Бадоса, а веќе е познато дека во ова натпреварување нема да се најде првиот рекет на светот Карлос Алкараз. Во машка конкуренција се очекува учество на Гркот Стефанос Циципас, Германецот Александар Зверев, Норвежанецот Каспер Руд, Австралиецот Ник Киргиос.

    Листата на жени ја предводи најдобрата во светот, Полјакката Ига Швионтек, а тука се и Французинката Каролин Гарсија, Гркинката Марија Сакари, Американката Џесика Пегула и Медисон Кис.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img