Мицкоски категорично против испраќање на законот во Венециската комисија

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ВМРО-ДПМНЕ предложи закон во Парламентот, тој закон помина, тој закон е изгласан и тој закон треба да почне час поскоро да се применува, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за вчерашната најава на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека новиот Закон за здруженија и фондации, кој што од пратеници и од власта и од опозицијата беше донесен во македонското Собрание, ќе го прати на оценување во Венецијанската комисија.

Мицкоски истакна дека ако власта не знае како да почне да го применува, еве тој ќе им помогне, додавајќи дека треба да почне со клубот во Охрид, кој носи име на докажан нацистички соработник, треба веднаш да го затвори и да ја укине неговата регистрација.

– Уште утре да го затворат клубот „Цар Борис” во Охрид и да се укине регистрацијата на тој клуб, бидејќи тој клуб, очигледно и јасно ни е на сите, носи име на фашистички соработник. Односно, на бидам попрецизен, нацистички соработник за време на Втората светска војна – рече Мицкоски.

Во однос на министерот за надворешни работи, вели дека тој е истиот оној Бујар Османи кој што последниот период, континуирано работи против интересите на македонскиот народ и кој дипломатијата ја сфаќа да се удоволат интересите на сите, а да се загрозат на Македонците.

– Тоа е истиот оној Бујар Османи кој што во изминатиот период континуирано работи спротивно на интересите на македонскиот народ и на државата и го заплетка процесот. Го заплетка процесот со своите егзибиции на меѓународна политика, затоа што тој дипломатијата ја сфаќа да се удоволуваат интересите на сите, а да се загрозуваат интересите на македонскиот народ. И тоа погрешно поимање на политиката, тоа е погрешно поимање на дипломатијата – истакна Мицкоски.

За време на својата посета на Софија министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе покрене иницијатива македонската влада да го испрати на анализа во Венецијанската комисија Законот за здруженија на граѓани и фондации, како и законот з политички партии, кои неодамна претрпеа промени со консензус на сите партии во Собранието.

Министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на новинарско прашње денеска рече дека испраќањето на Законот за здруженија и фондации на мислење на Венецијанската комисија е од превентивни причини, за да не дојде до несакани тужби пред Европскиот суд за човекови права. – Мислењето на Венецијанската комисија е добредојдено. Исходот не можеме да го прејудицираме. Можеби ќе оди во наш прилог. Факт е дека во иднина можеби добро оваа пракса да продолжи, но тоа да биде пред донесувањето на законите – изјави Тупанчески.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска одбегна конкретен одговор на прашањето дали овие закони ќе бидат испратени на анализа во Венецијанската комисија или не.

– Измените на Законот за здруженија ги донесе Собранието со консензус, но без разлика дали одат на Венецијанска комисија или не, сите наши закони ќе бидат разгледани во текот на билатералниот скрининг што го имаме со ЕУ и потоа ќе претрпат усогласувања – рече премиерот Ковачевски.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article