More

    Борисов на средбата со Османи: Само Бугарија и Македонија не се во конфликт

    spot_img

    Мора да го прилагодиме општеството да не биде под влијание на ситници и да прекинеме со провокации. Србија и Косово, Украина и Русија, Турција и Грција, цел регион е во конфликт. Само Бугарија и Македонија не се во конфликт – рекол лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на средбата со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи во Софија

    Борисов рекол дека Македонија и Бугарија имаат заеднички пат кон Европа и се надева дека односите ќе бидат сè подобри како поминува времето.

    Тој додаде дека коалицијата ГЕРБ-СДС победи на изборите во Бугарија и покрај нивната поддршка за Република Северна Македонија, со што, според него, се покажало оти Бугарите оценеле „дека е добро да биде поддржана најблиската до нив нација и дека треба да бидеме заедно“.

    – Можеме да си го честитаме успехот и да продолжиме понатаму. Ние треба само да изградиме транспортни коридори, важните работи се движат, треба да бидеме заедно. Да градиме, луѓето сакаат да живеат подобро – изјави Борисов.

    Тој истакна дека исвиркувањето на бугарската химна на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на двете земји не бил убав чин и создал тензија во Бугарија.

    Како што јави дописникот на МИА од Софија, на средбата со Борисов во седиштето на ГЕРБ, што беше пренесувана во живо на Фејсбук, Османи нагласи дека најдобар начин за подобрување на меѓусебните односи е комуникацијата.

    – Многу е важно двете страни да реагираат адекватно на провокациите – изјави Османи.

    Тој сепак истакна дека има и позитивни примери во односите, како што е продолжувањето на изградбата на пругата во земјава до границата со Бугарија, која е дел од Коридорот 8.

    Министерот Османи, кој престојува во дводневна работна посета на Софија, денеска имаше средби со лидерите на главните политички партии претставени во бугарското Народно собрание на кои се разговараше за теми поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, обврските кои произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и за начините како да се адресираат отворените прашања кои ги засегаат двете соседни држави, во интерес на нашите граѓани и нивната европска иднина.

    Борисов, чија партија во коалиција со Сојузот на демократските сили (СДС) освои најголем број пратеници на неодамнешните предвремени парламентарни избори, истакна дека се залага за подобрување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, нагласувајќи дека провокативните постапки треба да престанат, бидејќи тие „не се добри“

    – Без разлика на предизвиците, Северна Македонија и Бугарија мора да продолжат да ги негуваат блиските односи и соработка во духот на европските вредности. Тоа го очекуваат и граѓаните на двете земји, но и нашите партнери и сојузници. Покрај нашето сојузништво во НАТО, нам нѐ очекува и партнерство во Европската Унија, но без разлика, ние сме пред сѐ добри соседи и нашата амбиција не треба да биде ништо помалку од стабилно и долгорочно пријателство, посочи Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img